Првенецот на Операта при Националната опера и балет (НОБ), Ѓорѓи Цуцковски, е нов директор на Фестивалот Охридско лето, соопштија од најстарата музичко-сценска маниифестација во земјава. Тој доаѓа на местото на Анита Алоска која беше на функцијата в. д. директор измнативе три месеци.
Цуцковски има богата интернационална кариера којашто вклучува претставување на македонската култура во САД, Кореја, Индонезија, Јапонија, Кина и низ Европа. Тој беше и уметнички директор на Операта и Балетот, како и музички селектор на Охридско лето.
„Охридско лето за мене претставува бисер на македонската култура и на културниот идентитет на Македонија. Со особена чест и задоволство стапувам на позицијата директор на НУ Охридско лето со надеж дека ќе ја продолжиме долгата и богата традиција на успешни и спектакуларни настани, на најголемите светски уметнички имиња и дека Фестивалот ќе продолжи да ја негува богатата традиција од 64 години“, вели директорот Цуцковски.