ПИЈАНО РЕЦИТАЛ И КОНЦЕРТНА ПРОМОЦИЈА НА АЛБУМ ВЕЧЕРВА НА СКОПСКИОТ ЏЕЗ ФЕСТИВАЛ

    ПИЈАНО РЕЦИТАЛ И КОНЦЕРТНА ПРОМОЦИЈА НА АЛБУМ ВЕЧЕРВА НА СКОПСКИОТ ЏЕЗ ФЕСТИВАЛОркестарот на Роб Мазурек го сочинуваат уште осуммина врвни имиња на џезот.

    Скопскиот џез фестивал продолжува вечерва со три ексклузивни концерти.

    Американскиот пијанист со кубанско потекло Давид Вирејес ќе свири во Националната опера и балет од 20 часот. Од СЏФ велат дека тој доаѓа специјално од Њујорк за да изведе соло пијано рецитал.

    По него, од 22 часот настапува групата на американскиот трубач Роб Мазурек, „Експлодинг стар оркестра“. Дополнителна ексклузива на овој настан е што бендот ќе одржи светска концертна промоција на својот нов албум „Live at the Adler Planetarium”.

    Мазурек важи за современа музичка икона на чикашката авангардна сцена, а неговиот оркестар го сочинуваат уште осуммина врвни имиња на џезот.

    Вечерта ќе ја затвори британскиот саксофонист Алабастер Деплум со полноќен концерт во Младински културен центар. Од СЏФ кажаа дека публиката може да очекува долг концерт зашто таков бил концептот на настапите на Деплум.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира