ПО „ЈУГОСЛОВЕНСКАТА ПРОГРАМА“ ПРЕД 66 ГОДИНИ И ПОСЛЕДНИОТ НАСТАП ПРЕД 13 ГОДИНИ, „ТАНЕЦ“ ВГОДИНА НА ТУРНЕЈА НИЗ САД

    ПО „ЈУГОСЛОВЕНСКАТА ПРОГРАМА“ ПРЕД 66 ГОДИНИ И ПОСЛЕДНИОТ НАСТАП ПРЕД 13 ГОДИНИ, „ТАНЕЦ“ ВГОДИНА НА ТУРНЕЈА НИЗ САДТекст полн пофални зборови во „Њујорк тајмс“ за еден од концертите на „Танец“ во Карнеги хол, на 27 јануари 1956. (Фото: „Танец“ )

    По 66 години од првата и 13 години од последната американска турнеја во 2009, Ансамблот за народни песни и ора „Танец“ следната година ќе замине на турнеја низ Северна Америка. Од Националниот ансамбл велат дека турнејата е закажана од 15 до 26 февруари, со седум големи концерти во седум градови низ Канада и САД. Концертите ќе се одржат во сали во Монтреал, Отава, Торонто, Детроит, Чикаго, Кливленд и Њујорк.

    Подготвувајќи се за турнејата, од „Танец“ ги споделуваат сеќавањата за првата турнеја во САД. Настапот на на 27 јануари 1956, во престижната сала Карнеги хол на 40-мината играорци и музичари на „Танец“, кој за музичкиот критичар Џин Мартин од „Њујорк тајмс“ бил вистинска „радост и одушевување“, е само еден од 40-те концерти од првата турнеја во САД во 1956.

    „Танец“ воедно бил и меѓу првите културни репрезенти на Југославија кои отпатувале во САД и чиј ансамбл настапувал цели два месеца.

    „Во тогашниот состав играле легендарните играорци од првата генерација како Радмила Вишинова, Милка Наумова, Станимир Вишински, Атанас Коларовски, Александар Сариевски, Цветко Мицевски, Јонче Христовски и др. На репертоарот била т.н. ‘Југословенска програма’, која вклучувала кореографии и музички обработки од народите и народностите на тогашната ФНРЈ, меѓу кои антологиските Невестинско и Тешкото, Копачката, Арамиско, Русалии, потоа Шопска петорка, Ќупурлика, но и Буњевачко момачко коло, Барањска хумореска и други српски, хрватски и неизоставните македонски ора“, велат од „Танец“.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира