ПO СЕДУМ МЕСЕЦИ ВО КОМА, ПОЧИНА МУЗИЧАРОТ ЗОРАН МАЏИРОВ

    ПO СЕДУМ МЕСЕЦИ ВО КОМА, ПОЧИНА МУЗИЧАРОТ ЗОРАН МАЏИРОВЗоран Маџиров зад себе имаше реализирано повеке од 4 илјади концерти во европските и американските градови и е прогласен за почесен граѓанин во повеке европски метрополи.

    По седуммесечна борба со повредите од страотната сообраќајка кај Радовиш, познатиот музичар Зоран Маџиров почина на 49 години. Веста ја потврдија неговите најблиски во Струмица. На социјалните мрежи негови пријатели и роднини веќе изразуваат сочувство.

    Зоран Маџиров на 7 октомври минатата година, на пат кон Струмица, кај месноста „Пилаф тепе“ со неговиот автомобил при разминување се судрил во камион – влекач. Тој се зодбил со тешки повреди на главата, градите и нозете, по што беше итно префрлен на скопските клиники.

    На почетокот на кариерата Маџиров го нарекуваа лудиот тапанар. Но токму тој луд тапанар зад себе има реализирано повеке од 4 илјади концерти во европските и американските градови и е прогласен за почесен граѓанин во повеке европски метрополи. Во Германија го нарекуваа Флашофон, во Америка Ботлфон во Италија Бутилиофон, а овде Зоки Ботлмен. САД му дадоа државјанство.

    „Чуствувам одговорност кон Македонија. Затоа се вратив, иако секој уметник би рекол целиот свет е мојот дом, но желбата овде да творам, да докажеме дека и на ова парче планета има генијалци ме натера да се вратам и да креирам и компонирам музика токму овде во Македонија“, кажа Маџиров кога се врати во својата земја.

    Волшебникот на шишиња од Струмица во својата 25-годишна кариера има работено за светски звезди како што се Стинг, Тина Тарнер, Мајкл Џексон, Хари Бела Фонте, Тито Пуенте, Скорпионс и помалку познатите Реџи Воркменг, Џими Хедад и многу други.

    В. Трајков

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира