ПО ТРИ ГОДИНИ, ЅВЕЗДИТЕ СЛОБОДНО ПРОШЕТАА ПО ЦРВЕНИОТ ТЕПИХ НА ОТВОРАЊЕТО НА ВЕНЕЦИСКИОТ ФЕСТИВАЛ

    ПО ТРИ ГОДИНИ, ЅВЕЗДИТЕ СЛОБОДНО ПРОШЕТАА ПО ЦРВЕНИОТ ТЕПИХ НА ОТВОРАЊЕТО НА ВЕНЕЦИСКИОТ ФЕСТИВАЛЏулиен Мур е претседателка на жирито оваа година (Фото: Гети)

    Седумдесет и деветтото издание на Венецискиот филмски фестивал се отвори вчера, а ѕвездите прошетаа по црвениот тепих за премиерата на новиот филм на Ноа Баумбах, „Шуштење“ (White Noise).

    За првпат од 2019, најстариот филмски фестивал на светот е ослободен од сите ограничувања кои беа воведени поради пандемијата на коронавирусот, па така и црвениот тепих на Лидо беше отворен за јавност. Исто така, најавено е дека Венеција ќе биде голем собир на холивудски ѕвезди.

    Катрин Денев го прими Златниот лав за животно дело (Фото: АП)

    „Сите доаѓаат. Засега нема најави за откажување меѓу главните ѕвезди на сите филмови кои се во официјалната селекција“, вели директорот на фестивалот, Алберто Барбера.

    На отворањето на десетдневниот настан продефилираа актерите од „Шуштење“, Грета Гервиг, Џоди Тарнер-Смит, Адам Драјвер и Дон Чидл, а меѓу гостите на премиерата беа и бившата прва дама на САД, Хилари Клинтон и бразилскиот супермодел Алесандра Амброзио.

    Хилари Клинтон (Фото: Гети)

    Претседателката на жирито, 61-годишната Џулиен Мур, блесна во фустан на модната куќа „Валентино“.

    Утре на фестивалот е премиерата на новиот филм на Теона Стругар Митевска, „Најсреќниот човек на светот“, кој ќе учествува во паралелната официјална натпреварувачка програма Хоризонти.

    Бразилскиот супермодел Алесандра Амброзио (Фото: Гети)

    Сопружниците Грета Гервиг и Ноа Баумбах соработуваа на филмот „Шуштење“, со кој беше отворен фестивалот (Фото: Гети)

    Француската актерка Мелани Лоран (Фото: Гети)

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира