Почина актерката Емилија Андреева од Македонскиот народен театар (МНТ), соопшти нејзината матична куќа, каде била дел од ансамблот над 40 години, од 1979. Имаше 68 години.
Андреева дипломирала на Вишата музичка школа во Скопје, на отсекот за драмски актери, во 1977. Од МНТ велат дека за време на својата долгогодишна актерска кариера на театарската сцена ги оживеа ликовите на Валерија во „Лов на диви пајки“ (1979), Љубената во „Обесеник“ (1979), Малтескињата Лезли во „Кенгурски скок“ (1979), Невестата и Гирланда во „Кандид“ (1980), Јевросима во „Војна и мир во Груда“ (1981), Емилија во „Габи“ (1982), Ходел во „Свирач на покрив“ (1983), Саша во „Иванов“ (1984), Евгенија Занданска во „Македонски состојби“ (1984), Трендафила во „Рамна земја“ (1985), Рипката во „Гуштерица“ (1986), Другарка на Антица во „Антица“ (1988), Нина Заречка во „Галеб“ (1990) и Госпоѓицата Лујза во „Посета на старата дама“ (1990). Играше и во „Вечер на Лундиквист“ (1979), „По претставата“ (1981), „Остен“ (1981), „Стилски вежби“ (2008) и „Троил и Кресида“ (2010). Една од нејзините претстави е и поетскиот монодрамски приказ „Незавршената приказна” (2009), на Градскиот театар и Младинскиот културен центар.
Глумеше и во сериите и филмовите „Курирот на Гоце Делчев“ (1979), „Исправи се, Делфина“ (1977), „Томи од бензинската пумпа“ (1979), „Оловна бригада“ (1980), „Време, води“ (1980), „Цвеќе на карпата“ (1989).
Добитничка е на наградата „Трајко Чоревски“ за најдобар млад актер на Македонскиот народен театар (МТФ) „Војдан Чернодрински“, Прилеп во 1984, како и на награда на ревијата „Екран“ за најдобар млад актер за улогата на Евгенија Занданска во претставата „Македонски состојби“ во 1984, а двапати е одликувана и со високите признанија на тогашната Југословенска радио и телевизија.