Почина Кетрин О’Хара, ветеранска актерка која глумеше во „Сам дома“, „Шитс Крик“ и „Најдобро во шоуто“, потврди нејзиниот менаџер за „Варајети’. Имаше 71 година. Причината за смртта сè уште не е објавена
Холивудската кариера на О’Хара траеше пет децении, почнувајќи со канадска серија со скеч-комедија за која ја доби својата прва награда Еми. О’Хара потоа глумеше во филмови како „Идиотска ноќ“, „Битлџус“ и првите два филма „Сам дома“, во кои ја играше мајката на ликот на Меколи Калкин, Кевин.
Таа беше честа соработничка на Кристофер Гест, појавувајќи се во неговите мокументарни филмови „Најдобро во шоуто“, „Препорачуваме“, „Чекајќи го Гафман“ и „Моќен ветер“. А имаше и гласовни улоги во омилени анимирани филмови, меѓу кои и „Кошмарот пред Божиќ“ и „Пилето Литл“.
О’Хара доживеа кариерна ренесанса во своите 60-ти години, почнувајќи со улогата на богатата домаќинка Моира Роуз во ситкомот „Шитс Крик“, во кој глумеше покрај Јуџин и Ден Леви и Ени Марфи.



