ПОЧИНА АКТЕРКАТА ЛЕНЧЕ ДЕЛОВА

    ПОЧИНА АКТЕРКАТА ЛЕНЧЕ ДЕЛОВАДелова глумеше во 60-на претстави и над 30 филмови, ТВ-филмови и серии. (Фото: Фејсбук)

    Почина театарската, филмска и телевизиска глумица Ленче Делова, соопшти скопскиот Драмски театар, нејзината матична куќа. Имаше 77 години.

    Родена е на 15 јуни 1948 во Скопје. На сцената на Драмски е настапувала од 1964 како актерка-аматерка, а во 1970 стана членка на ансамблот каде играше сè до пензионирањето во 2013.

    Делова играше во 60-тина претстави во Драмски театар, од првата „Џон Пиплфокс“ од Душан Радовиќ во 1965, преку „Макбет“ на Шекспир, „Вишновата градина“ на Чехов, до „Чија си“ на Сашко Насев во 2013. Глумеше и во над 30 филмови, ТВ-филмови и серии, меѓу кои и во „Детективи“, „Илинден“, „Диво месо“, „Солунски патрдии“, „Чук Чук Стојанче“, „Тврдокорни“, „Еурека“, „Тетовирање“, „Болва в уво“, „Опстанок“, „Чернодрински се враќа дома“, „Пред дождот“, „Во светот на бајките“, Македонски народни приказни“,  „Светот има осум страни“, „Од денес за утре“, „Турни ме да Кинисам“ и „До балчак“.

    За улогата на Офелија во „Хамлет“ ја доби наградата „13 Октомври“, наградена е за најдобра актерка за улогата на Трајанка во „Ни ќар – ни зијан“ на фестивалот „Војдан Чернодрински, каде во 2006  ја доби наградата за животно дело.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира