Прославената југословенска актерка Неда Арнериќ, која остави трага и во македонската кинематографија со насловната улога во филмот „Исправи се Делфина“, почина во Белград на 67 години. Според првичните информации, таа е пронајдена мртва во својот стан во населбата Врачар.
Родена во 1953 во Књажевац, Арнериќ ја почна филмската кариера во 1966 во филмот „Сон“, што ја направи прва детска актерска ѕвезда во Југославија. Во кариерата долга половина век, таа оствари над 100 филмски и 40 театарски улоги, станувајќи една од најпрепознатливите југословенски актерки. Во 1970-ите се проба и во странство и од тој период најпознат филм ѝ е „Шафт во Америка“.
Во филмот „Исправи се Делфина“ од 1977 година, Арнериќ играше лик заснован врз Атина Бојаџи, првата жена од Југославија која го препливала каналот Ла Манш.