ПОЧИНА АКТЕРОТ АЛАН АРКИН, НАГРАДЕН СО ОСКАР ЗА „МАЛАТА МИС АМЕРИКА“

    ПОЧИНА АКТЕРОТ АЛАН АРКИН, НАГРАДЕН СО ОСКАР ЗА „МАЛАТА МИС АМЕРИКА“Аркин имаше четири номинации за Оскар во кариерата долга речиси седум децении (Фото: АП)

    На 89 години почина американскиот актер Алан Аркин, кој доби Оскар за најдобра споредна улога за „Малата мис Америка“ во 2007. Во кариерата која се протегна низ осум децении, Аркин имаше уште три номинации за Оскар, последната за „Арго“ во 2013.

    Роден во Њујорк, а пораснат во Лос Анџелес, Аркин почнал да учи глума уште како дете, но кариерата ја почнал во музиката, како пејач и гитарист во бендот „Тариерс“. Групата имаше топ-5 хит во САД со песната „The Banana Boat Song’, што подоцна ја прослави Хари Белафонте.

    По преселбата во Чикаго во 1960 почнал да се занимава со комедија, а актерското деби го имал на Бродвеј три години подоцна и веднаш ја освоил наградата Тони. Во Холивуд се проби со воената комедија „Русите доаѓаат“, што му ја донесе првата номинација за Оскар во 1967.

    Како филмски и телевизиски актер оствари повеќе од 100 улоги, а врвот на кариерата го достигна во 2007, кога за улогата на мрзоволен дедо во „Малата мис Америка“ беше награден со Оскар.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира