ПОЧИНА АКТЕРОТ ДОНАЛД САТЕРЛЕНД

    ПОЧИНА АКТЕРОТ ДОНАЛД САТЕРЛЕНДВо кариерата долга повеќе од половина век, Сатерленд, кој е добитник на Еми и Златен глобус,  глумеше негативци, антихерои, романтични главни ликови. (Фото: Гети)

    Почина славниот холивудски актер Доналд Сатерленд, објави на Икс неговиот син, глумецот Кифер Сатерленд. Актерот роден во Канада, почина на 88 години после долго боледување во неговиот дом во Мајами.

    Во кариерата долга повеќе од половина век и над 200 филмски улоги, Сатерленд, кој е добитник на Еми и Златен глобус,  глумеше негативци, антихерои, романтични главни ликови, а меѓу последните изминатите години е и споредната улога како злобниот претседател Сноу во франшизата „Игрите на гладните“.

    „Лично мислам дека е еден од најважните актери во историјата на филмот. Тој никогаш не се плашеше од улога, добра, лоша или грда. Тој го сакаше тоа што го правеше и го правеше она што го сакаше, и никогаш не може да се бара повеќе од тоа. Имаше добар живот“, напиша 57-годишниот Кифер.

    Сатерленд се прослави со улогите во „Клут“, „МЕШ“, „Валканите дванаесетмина“, „Обични луѓе“, „Орелот слета“ и многу други. И покрај бројните улоги, тој никогаш не беше номиниран за Оскар, но ја доби почесната награда во 2017.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира