ПОЧИНА АМЕРИКАНСКАТА АКТЕРКА ВАЛЕРИ МАХАФИ

    ПОЧИНА АМЕРИКАНСКАТА АКТЕРКА ВАЛЕРИ МАХАФИМахафи глумеше во сериите „Сајнфилд“, „Очајни домаќинки“, „Младиот Шелдон“, „Големо небо“. (Фото: Гети)

    На 71 година почина холивудската актерка и продуцентка Валери Махафи, соопшти нејзиното семејство, додавајќи дека била болна од рак.

    Нејзината кариера во филмови и ТВ-серии траеше 50 години, а најпозната е по улогата во комедијата-драма „Живот на Север“, која се емитуваше од 1990 до 1995. Махафи глумеше и во сериите „Сајнфилд“, „Очајни домаќинки“, „Младиот Шелдон“, „Големо небо“.

    „Ја изгубив љубовта на мојот живот, а Америка изгуби една од своите најомилени актерки. Таа ќе ни недостига на сите“, изјави нејзиниот сопруг, Џозеф Кел.

    Махафи е родена во Индонезија, а живеела во повеќе земји, меѓу кои Велика Британија и Нигерија.  Се проби со улогата во серијата „Доктори“, а неодамна се појави во популарни серии на „Нетфликс“ и „Епл ТВ“.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира