Кинеско-американскиот архитект И М Пеј, авторот на стаклената пирамида пред музејот Лувр во Париз, почина на 102-годишна возраст. Тој се прослави со дизајните со нагласени рамни површини, прецизна геометрија и природна светлина, а во 1983 година ја доби Прицкеровата награда, своевидна Нобелова награда во светот на архитектурата.
Пеј работеше до длабока старост и едно од неговите последни ремек-дела е Музејот на исламска уметност во Доха.
Роден во Гвангџу во 1917, тој се преселил во САД на 18 години за да студира на МИТ и Харвард, а за време на Втората светска војна работел како истражувачки научник за американската влада. Во 1955 година отворил свое архитектонско студио, станувајќи еден од најпочитуваните светски архитекти на 20. век, при што дизајнирал низа јавни згради, хотели, училишта и други објекти во Северна Америка, Азија и Европа. Неговиот стил е опишуван како модернизам со кубистички теми, а голема инспирација му била исламска архитектура.
Париската пирамида ја комплетирал во 1989 година и иако во почеток контроверзна, таа со тек на време стана едно од обележјата на Париз.