ПОЧИНА ФРЕНК ФАРИЈАН, МУЗИЧКИОТ ПРОДУЦЕНТ КОЈ ГИ СОЗДАДЕ „БОНИ ЕМ“ И „МИЛИ ВАНИЛИ“

    ПОЧИНА ФРЕНК ФАРИЈАН, МУЗИЧКИОТ ПРОДУЦЕНТ КОЈ ГИ СОЗДАДЕ „БОНИ ЕМ“ И „МИЛИ ВАНИЛИ“Се проценува дека Фаријан продал 800 милиони албуми низ светот (Фото: Гети)

    Френк Фаријан, германскиот музички продуцент кој ги создаде групите „Бони Ем“ и „Мили ванили“, почина на 82 години во својот дом во Мајами, објави неговото семејство.

    Роден во 1941 како Френк Ројтер, Фаријан учел за готвач, пред да почне музичка кариера како пејач и продуцент. Тој се прослави откако во 1976 година го формираше бендот „Бони Ем“, кој имаше серија хитови на врвот на популарноста на диско музиката.

    Неговиот втор голем проект беше дуото „Мили ванили“, основан на крајот на 1980-тите. Тоа заврши со голем скандал кога Фаријан во 1990 призна дека двајцата членови на групата воопшто не пеат на песните, по што им беше одземена и Греми наградата за најдобар нов изведувач.

    Фаријан работеше и со други музичари, како Мит Лоуф и Стиви Вондер и се проценува дека продал 800 милиони албуми низ светот.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира