ПОЧИНА ГОРАН ПАСКАЉЕВИЌ, СРПСКИОТ ФИЛМСКИ РЕЖИСЕР ОД ЛЕГЕНДАРНАТА ГЕНЕРАЦИЈА НА ПРАШКАТА ШКОЛА

    ПОЧИНА ГОРАН ПАСКАЉЕВИЌ, СРПСКИОТ ФИЛМСКИ РЕЖИСЕР ОД ЛЕГЕНДАРНАТА ГЕНЕРАЦИЈА НА ПРАШКАТА ШКОЛАПаскаљевиќ почина во Париз на 74 години. (Фото: Новости)

    Српскиот режисер, сценарист и продуцент Горан Паскаљевиќ почина во Париз на 74 години. Паскаљевиќ, заедно со Срѓан Карановиќ, Лордан Зафрановиќ, Горан Марковиќ и Рајко Грлиќ, припаѓаше на легендарната генерација југословенски режисери од Прашката школа – дипломци на ФАМУ во Прага во 1970-те, а најпознатиот негов филм е „Чувар на плажата во зимскиот период“.

    Паскаљевиќ, кого колегите го викаа Паскаљони, остави длабока трага во кинематографијата со делата „Мамливо лето ’68“, „Буре барут“ по сценарио на драмата на македонскиот автор Дејан Дуковски, „Време на чудата“, „Танго аргентино“, „Туѓа Америка“. Тој го режираше и првиот филм во индиско-српската копродукција „Во земјата на боговите“.

    Роден е во Белград на 22 април 1947, дипломирал филмска режија на ФАМУ. Режираше многу документарни филмови и ТВ драми за ТВ Белград, а филмското деби му беше со „Чувар на плажата во зимскиот период“ во 1976. Сними над 30 документарни и 13 играни филмови. Меѓу бројните награди е и Наградата од критиката за најдобар европски филм во 1998 за „Буре барут“, Награда на критиката во Сан Себастијан во 1990 за „Време на чудата“.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира