Почина Коста Балабанов, истакнат историчар на уметноста, филмски и телевизиски сценарист и долгогодишен почесен козул на Јапонија во земјава, потврди семејството за САКАМДАКАЖАМ.МК. Имаше 96 години.
Роден е на 5 април 1929 го Штип. Од 1953 работеше во Централниот завод за заштита на споменици од културата, во својство на историчар на уметноста-конзерватор. Во 1955 дипломира историја на уметноста со археологија на Филозофскиот факултет во Скопје.
Како стручњак за средновековната уметност, во 1955 ја објавува својата прва посебна книга посветена на истражувањата на Топличкиот манастир, Демир Хисар. Oбјавил повеќе од 200 стручни и научни трудови и 24 книги посветени на средновековната уметност.
Во 1965 докторира на тема „Иконописот во Македонија од периодот на османлиското владеење“.
Со филм почнува да се занимава како автор на сценарија и на текстови за документарни филмови од областа на археологијата и средновековната уметност на територијата на Македонија. Соработувал со „Вардар филм“ и ТВ Скопје (МРТВ) и според неговите текстуални подлоги, реализирани се 32 документарни филма (или епизоди), често синхронизирани на странски јазици.
Од 1981 работеше во Републичкиот завод за заштита на спомениците, а во 1994 беше именуван за почесен генерален конзул на Јапонија во Македонија и за директор на Јапонскиот информативен центар во Скопје.



