ПОЧИНА ИТАЛИЈАНСКИОТ РЕЖИСЕР БЕРНАРДО БЕРТОЛУЧИ

    ПОЧИНА ИТАЛИЈАНСКИОТ РЕЖИСЕР БЕРНАРДО БЕРТОЛУЧИБернардо Бертолучи освои два оскари за „Псоледниот кинески цар“ во 1988 година (Фото: Гети)

    Прославениот италијански режисер Бернардо Бертолучи почина во Рим на 77 години. Неговата портпаролка потврди дека Бертолучи кратко време боледувал од рак.

    Роден во Парма во 1941 година, Бертолучи го сними првиот филм на 21 година и важеше за најголемиот италијански филмаџија на својата генерација, остварувајќи успешна кариера и во Европа и во Холивуд.

    Првата номинација за Оскар ја доби во 1972 година, за најдобро сценарио за „Конформист“, истата година кога го сними своето најконтроверзно дело „Последното танго во Париз“, кое стана озлогласено по експлицитните сцени на секс. Овој филм му донесе номинација за Оскар за најдобра режија.

    Тој конечно беше овековечен во Холивуд во 1988 година, кога „Последниот кинески цар“ освои дури девет оскари, меѓу кои и за најдобар филм. Бертолучи беше награден за режија и за сценарио.

    Големиот режисер последниот, 25. филм „Јас и ти“ го сними во 2012 година.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира