ПОЧИНА КЖИШТОФ ПЕНДЕРЕЦКИ, ЕДЕН ОД НАЈВЛИЈАТЕЛНИТЕ СОВРЕМЕНИ КОМПОЗИТОРИ

    ПОЧИНА КЖИШТОФ ПЕНДЕРЕЦКИ, ЕДЕН ОД НАЈВЛИЈАТЕЛНИТЕ СОВРЕМЕНИ КОМПОЗИТОРИПендерецки зад себе остави шестдецениско творештво (Фото: ЕПА)

    Кжиштоф Пендерецки, еден од највлијателните современи композитори, почина на 86 години во Краков по долго боледување, објави неговото семејство.

    Неговите композиции станаа дел и од популарната култура благодарение на филмови како „Сјаење“ на Стенли Кјубрик, „Истерувач на ѓаволот“ на Вилијам Фридкин и „Диви во срцето“ на Дејвид Линч.

    Пендерецки стекна меѓународна слава уште како 26-годишник со емотивната експериментална композиција за 52 жици, „Ода за жртвите на Хирошима“.

    Во текот на долгата кариера, тој беше еден од предводниците на авангардата во 1960-ите, сакајќи да „го ослободи звукот од сите традиции“, создаваше опери и хорски и концертни дела и освои четири Греми награди, од кои последната пред четири години.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира