ПОЧИНА ЛЕГЕНДАРНИОТ ФИЛМСКИ РЕЖИСЕР МИЛОШ ФОРМАН

    ПОЧИНА ЛЕГЕНДАРНИОТ ФИЛМСКИ РЕЖИСЕР МИЛОШ ФОРМАНМилош Форман ја напушти Чехословачка во 1968 година за да изгради успешна филмска кариера во САД (Фото: Гети)

    Милош Форман, режисер кој ја напушти родната Чехословачка заради креативна слобода во САД за потоа да создаде ремек-дела како „Коса“, „Лет над кукавичјото гнездо“ и „Амадеус“, почина на 86-годишна возраст.

    Форман, познат и по биографските филмови за двајца контроверзни Американци „Народот против Лари Флинт“ и „Човекот на Месечината“, починал вчера во САД по кратко боледување, објави неговата сопруга Мартина.

    По серија признати, но контроверзни филмови за тогашниот комунистички режим во Чехословачка, вклучувајќи го и „Љубов на една русокоса“, што беше номиниран за Оскар за најдобар странски филм, Форман емигрираше во САД во 1968 година, кадешто ја продолжи успешната режисерска кариера.

    Тој трипати беше номиниран за Оскар и освои две статуетки, за „Лет над кукавичјото гнездо“ во 1976 и за „Амадеус“ во 1985 година.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира