ПОЧИНА ЛЕГЕНДАРНИОТ ГРЧКИ КОМПОЗИТОР ВАНГЕЛИС

    ПОЧИНА ЛЕГЕНДАРНИОТ ГРЧКИ КОМПОЗИТОР ВАНГЕЛИСВангелис доби Оскар за „Огнени кочии“ во 1982 (Фото: АП)

    Грчкиот композитор Вангелис, кој се прослави со филмските теми за „Огнени кочии“ и „Истребувач“, почина на 79 години. Тој доби Оскар за „Огнени кочии“ во 1982 година.

    Вангелис Папатанасиу веќе не е со нас. Светот на музиката го изгуби пионерот на електронскиот звук“, изјави грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис.

    Главно самоук во музиката, Вангелис прво се прослави како клавијатурист на прогресивната рок група „Афродит‘с чајлд“, во која соработуваше со пејачот Демис Русос. Потоа ја продолжи кариерата како соло музичар, станувајќи едно од најзначајните имиња во историјата на електронската музика. Во кариерата долга над пет децении, сними или свиреше на повеќе од 50 албуми.

    Тој исто така беше ангажиран да ја напише музиката за Олимписките игри во Сиднеј (2000) и Атина (2004) и за Светското фудбалско првенство 2002 во Јапонија и Јужна Кореја.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира