ПОЧИНА ПЕЈАЧОТ МАСИМО САВИЌ

    ПОЧИНА ПЕЈАЧОТ МАСИМО САВИЌСавиќ важеше за еден од најпрепознатливите вокали на некогашната југословенска сцена (Фото: Фејсбк)

    Хрватскиот поп пејач Масимо Савиќ почина синоќа на 60 години, објави неговото семејство. Хрватската телевизија пренесе дека Савиќ се лекувал од рак на белите дробови.

    Нашиот татко, сопруг, гордост и љубов Масимо Савиќ почина по кратка, но херојска борба“, напишаа неговата сопруга и ќерка на неговата официјална фејсбук страница.

    Масимо Савиќ важеше за еден од највпечатливите и најемотивни вокали на некогашната југословенска музичка сцена. Роден во Пула, кариерата ја почна како фронтмен на њу вејв/синт-поп групата „Доријан Греј“, со која сними два албума во првата половина на 1980-ите, пред да продолжи како соло пејач.

    Во соработка со композиторот Зринко Тутиќ сними четири албуми, пред да почне да експериментира со звукот, што резултираше со арт поп, рок и денс проекти.

    Савиќ продолжи да снима успешни албуми и во 21. век, со кои остана во самиот врв на хрватската и регионалната музика. Дури девет пати ја освои највисоката хрватска музичка награда „Порин“.

    Масимо кратко беше болен, неговото заминување сите нè изненади“, изјави Лана Чулиг од издавачката куќа „Аквариус рекордс“

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира