На 66 години почина Мишо Хрњак, хрватски басист кој беше член на најпознатата постава на култната рок група „Азра“. Хрњак беше во групата само три и пол години, од 1979 до 1982, но учествуваше во создавањето на едно од најважните поглавја во југословенската музичка историја, таканаречениот нов бран.
Во тој краток период свиреше на првите три студиски албуми на „Азра“, како и на легендарниот троен концертен албум „Право до дното“ (Ravno do dna). Покрај Хрњак, оваа постава ја сочинуваа и фронтменот Бранимир Џони Штулиќ и тапанарот Борис Лајнер.
Во 1982 година Хрњак заминал на отслужување воен рок, по што во „Азра“ бил заменет со Јурица Паѓен. Во својата автобиографија од 2015, Хрњак откри дека по „Азра“ веќе немал желба сериозно и професионално да се занимава со музика, па го променил животниот стил.
На музиката ѝ се врати дури во 2010, кога повторно почна да снима и настапува со Борис Лајнер како дуо.



