ПОЧИНА МУЗИЧАРОТ И КОМПОЗИТОР ЏЕНГИЗ ИБРАХИМ

    ПОЧИНА МУЗИЧАРОТ И КОМПОЗИТОР ЏЕНГИЗ ИБРАХИМИбрахим беше еден од нареномираните балкански музичари кој свири на канон, уд и саз. (Фото: Скопско лето)

    Почина музичарот и композитор Џенгиз Ибрахим, еден од најзначајните претставници на турската култура во Македонија, соопшти Турскиот театар во Скопје. Имаше 63 години. Ибрахим беше еден од нареномираните балкански музичари кој свири на ориенталните традиционални инструменти канон, уд и саз, а работеше како наставник по музичко во училиште во Чаир.

    „Самиот често велеше, дека успешно ја претставува синтезата на музиката алатурка и алафранга не само кај нас туку и на меѓународната платформа. Музиката изведена на сцената во претставите во нашиот театар секогаш ќе остане во сеќавањата“, велат од Турски театар.

    „Творештвото на Џенгиз Ибрахим претставува бравурозна, извонредно богата фузија на ренесансата, барокот и современата музика. Тој го реинкарнира румелискиот мелос и успешно знае на сцена да води дијалог со музичари односно води музички разговор меѓу културите на светот“, објавил „Глобус“ во 2020.

    Има соработувано со музичари како Влатко Стефановски, компонирано музика за театарски претстави, како што се „Женички“, „Баханалии“, „Црн Млив“, „Шехерезат и Шехријар – приказни од 1001 ноќ“, Кабаре „Оркестар‘‘ (Албански театар), „Баханалии“ (театар Војдан Чернодрински-Велес), „Ах љубов моја“ (Театар „Комедија“) и за легендарната претстава „Солунски патрдии“ на Драмскиот театар-Скопје во режија на Коле Ангеловски.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира