ПОЧИНА МУЗИЧАРОТ КОСТАДИН ИКОНОМОВ, ГИТАРИСТОТ НА „БИС-БЕЗ“ И „МАЊИФИКО“

    ПОЧИНА МУЗИЧАРОТ КОСТАДИН ИКОНОМОВ, ГИТАРИСТОТ НА „БИС-БЕЗ“ И „МАЊИФИКО“Икономов важи за еден од основоположниците на македонската рок-сцена. (Фото: Фејсбук)

    Mузичарот Костадин Икононов – Коце,  гитаристот на култните македонски групи „Безимени“ , „Бис-Без“ и  „Мањифико“ и долгогодишен член на Ревискиот оркестар на МРТ, почина вчера во Скопје по кусо боледување. Имаше 78 години. Икономов важи за еден од основоположниците на македонската рок-сцена.

    Роден во 1946, музиката ја засакал од мал, па по завршувањето на основното училиште се запишал во средно музичко училиште. Студирал медицина на желба на неговата мајка, но никогаш не работел како лекар.

    Бил гитарист и клавијатурист во групите „Безимени“ и „Бисери“ од кои подоцна настана групата „Бис-Без“, и е еден од основачите на оваа група. Тој беше еден од вокалите и гитарист на легендарната група „Мањифико“.

    Иконов работел и како композитор и аранжер. Тој му беше чичко на Апостол Икономов – Поце, пејачот на групата „Меморија“.

    М. ЏАРОВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира