ПОЧИНА ОЛИВЕРА КАТАРИНА, ЕДНА ОД НАЈГОЛЕМИТЕ АКТЕРСКИ ЅВЕЗДИ ВО ЈУГОСЛАВИЈА

    ПОЧИНА ОЛИВЕРА КАТАРИНА, ЕДНА ОД НАЈГОЛЕМИТЕ АКТЕРСКИ ЅВЕЗДИ ВО ЈУГОСЛАВИЈАКатарина остана најпозната како Ленче во филмот „Собирачи на пердуви“ од 1967

    Легендарната југословенска актерка и пејачка Оливера Катарина почина на 86-годишна возраст по кратко боледување.

    Таа важеше за една од најголемите и најубави актерски ѕвезди на Југославија, а најважните улоги ги одигра во филмовите „Војник“, „Има љубов, нема љубов“ и „Партизани“. Сепак, остана најпозната како Ленче во филмот „Собирачи на пердуви“ од 1967 година, за кој беше наградена на Канскиот фестивал.

    Последната улога ја одигра во 2008 во филмот „Чарлстон за Огњенка“.

    Покрај глумата, Катарина беше и популарна пејачка, а најчесто пееше оригинални народни и ромски песни. Објави десетици албуми и стотици песни, а најпознати се нејзините изведби на „Нишка бања“, „Ѓелем, ѓелем“, „Верка калуѓерка“ и други песни.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира