ПОЧИНА ПЕЈАЧКАТА НА „ФЛИТВУД МЕК“, КРИСТИН МЕКВИ

    ПОЧИНА ПЕЈАЧКАТА НА „ФЛИТВУД МЕК“, КРИСТИН МЕКВИМекви беше дел од групата повеќе од три децении (Фото: Гети)

    Пејачката, клавијатуристка и композиторка на „Флитвуд Мек“, Кристин Мекви, која ги напиша некои од најпознатите песни на групата, почина на 79 години. Нејзиното семејство објави дека починала мирно во болница.

    Британската музичарка беше заслужна за хитовите како „Little Lies“, „Everywhere“, „Don’t Stop“, „Say You Love Me“ и „Songbird“.

    Родена како Кристин Перфект, таа ѝ се придружи на групата во 1971 откако се омажи за нејзиниот басист Џон Мекви. Дел од „Флитвуд Мек“ беше до 1998, па се врати во 2014.

    И покрај својата турбулентна историја, „Флитвуд Мек“ беше една од најуспешните рок групи во 1970-ите и 1980-ите, а Мекви сними 12 студиски албуми со неа.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира