ПОЧИНА ПИОНЕРОТ НА РОКЕНРОЛОТ ЛИТЛ РИЧАРД

    ПОЧИНА ПИОНЕРОТ НА РОКЕНРОЛОТ ЛИТЛ РИЧАРДРичард ги имаше најголемите хитови во 1950-ите, но низ кариерата продаде над 30 милиони албуми (Фото: АП)

    Еден од пионерите на рокенролот Литл Ричард почина на 87 години, објави неговиот син.

    Роден како Ричард Вејн Пенимен во 1932 година, тој беше еден од првите музичари кои беа вклучени во Рокенрол халата на славните кога таа се отвори во 1986.

    Ричард, чија музика ги инспирираше Елвис Присли, „Битлс“ и Елтон Џон, своите најголеми хитови ги имаше во 1950-ите („Good Golly Miss Molly“, „Tutti Frutti“, „Long Tall Sally“), но низ кариерата продаде над 30 милиони албуми. Тој беше познат по енергичните настапи, вресоците, рапавиот глас и по екстравагантниот имиџ.

    Литл Ричард бил едно од 12-те деца во семејството и своевремено кажа дека почнал да пее зашто сакал да се издвои од своите браќа и сестри. Неговата музика беше прифатена и од белците и од црнците во времето кога Америка сѐ уште беше длабоко расно поделена.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира