Писателот Мето Јовановски, кој беше беше претседател на Македонскиот ПЕН центар и прв претседател на Хелсиншкиот комитет за човекови права, почина вчера на 88 години. Ќе биде погребан в недела во неговото родно Брајчино, преспанско.
Во кариерата долга 6 децении, Јовановски објавил 30-на книжевни дела – збирки песни, раскази, романи, песни за деца, кои, особено расказите, се објавувани на повеќе светски јазици. Негови најпознати дела се романите „Писмо до саканата“,„Балканска книга на умрените или Ослободување преку зборување“,„Хајка на пеперутки“,„Слана во цутот на бадемите“, „Земја и тегоба“, збирките раскази „Јадреш“, „Мени на мојата месечина“, „Крстопат кон спокојот“, „Љубовта на Грифонот“, книгите за деца „Љуман Арамијата“ и „Војвода над војводите.
Мето е татко на новинарите и активисти Борјан и Светлана Јовановски.