Почина режисерот Јагош Марковиќ, еден од најистакнатите театарски режисери на српските и балканските простори, објави Београдско драмско позориште. Почина вчера на 58 години. Неговата претстава, „Самрак на боговите“ е најавенa да дојде во Скопје, на фестивалот РУТА во Драмски театар, на 7 октомври.
Марковиќ е роден во Подгорица, 1966. Дипломирал на Факултетот за драмски уметности во Белград. Дипломирал на 21 година, а почнал да режира од 12 години.
Во Народно позориште во Белград, како негова матична куќа од 2008, ги поставил некои од најзначајните наслови од домашната и светска класика како „Госпоѓа министерка“, „Покондирена тиква“, „Антигона“, „Свадбата на Фигаро“.
Неговите претстави се играле пред преполни сали и го прославиле националниот театар на меѓународните гостувања. Добитник е на над 50 награди.