Руската оперска ѕвезда, Дмитри Хворостовски и прогласен за еден од 50 најубави мажи од „Пипл“ почина синоќа на 55 годишна возраст.
Хворостовски во 2013 година настапи на свеченото отворање на Охридско лето, во Античкиот театар.
На баритонот во 2015 година му беше дијагностициран тумор на мозок, а во 2016 година се повлече од сцените. Последен пат настапи годинава во јуни, на фестивал во Австрија.
Неговиот портпарол соопшти дека починал опкружен од семејството, во неговиот дом во Лондон.
Хворостовски е еден од најпопуларните оперски ѕвезди, кој настапувал на најголемите светски сцени и со најпознатите солисти и диригенти.