Почина Симон Беличанец, доајен на македонското спикерство чија професионална кариера е врзана со почетоците на Македонската радио телевизија (МРТ). Почина вчера во Скопје, на 82 години.
Беличанец беше еден од најпрепознатливите гласови на Македонската радио телевизија. Роден е на 2 јуни 1942 во Прилеп, каде завршил гимназија и нижо музичко училиште. Уште во гимназиските денови бил ангажиран во Радио Прилеп од тогашниот уредник Зафир Зафировски. Студирал на Технолошкиот факултет во Скопје, кога се пријавил на аудиција во Радио Скопје и бил ангажиран како спикер.
Завршил и виша спикерска школа во Белград, во рамки на тогашната Југословенска радио-телевизија. Веднаш стана спикер на вестите вестите на Телевизија Скопје, сега МРТ. Бил водител и на низа манифестаци, а обучувал и помладите колеги спикери и новинари.
Беличанец ќе биде погребан утре на градските гробишта во Бутел во Скопје.