На 72 години во Белград почина познатата српска актерка Радмила Живковиќ, потврдија од Народниот театар во Белград.
Радмила Живковиќ е родена во Крушевац во 1953 и беше филмска, театарска и телевизиска актерка. Кариерата ја започна кон крајот на 1960-тите и оттогаш играше во десетици филмови. Позната е по улогата на Џилда во ТВ-серијата „Среќни луѓе“, а се прослави и како тетка Дока во големиот филмски хит „Зона Замфирова“.
Како театарска актерка играла на сцените на Ателје 212, Театарот на Теразие, театарот Звездара, а 20 години била член на Народниот театар во Белград. Добитничка е на угледните актерски награди „Миливое Живановиќ“ и „Жанка Стокиќ“.