Почина театарскиот режисер Оливер Мицевски, објави Народниот театар Битола. Имаше 46 години.
Мицевски, кој живееше во Лондон, во јуни 2025, после 14 години пауза во Македонија, во Битолскиот театар ја постави претставата „Едмонд“.
Дипломирал на Факултетот за драмски уметности во Скопје. Во 2009 година добива стипендија од норвешката влада за специјализација за Хенрик Ибзен, во Центарот Ибзен на Универзитетот во Осло. Во меѓувреме, се сели во Будимпешта, Унгарија, каде што го основал „Театар на покривот“, театар со англиски репертоар.
Мицевски работеше низ повеќе европски држави, со фокус на минималистичкиот театар и перспективите на театарот во иднина.



