ПОЧИНА ТОМ ВЕРЛЕН, ФРОНТМЕНОТ НА ВЛИЈАТЕЛНАТА РОК ГРУПА „ТЕЛЕВИЖН“

    ПОЧИНА ТОМ ВЕРЛЕН, ФРОНТМЕНОТ НА ВЛИЈАТЕЛНАТА РОК ГРУПА „ТЕЛЕВИЖН“Верлен изврши големо влијание врз панкот и алтернативната музика (Фото: Гети)

    Том Верлен, пејачот и гитарист на влијателната американска рок група „Телевижн“, почина на 73 години. „Телевижн“ објави два албума во втората половина на 1970-ите кои извршија големо влијание врз панкот и алтернативната музика, а на групата ѝ донесоа три топ-40 сингла на британската топ-листа.

    Групата оствари поголем успех во Велика Британија отколку во САД, пред да се распадне во 1978. За време на краткотрајното обединување во почетокот на 1990-ите објави уште еден албум.

    Роден како Томас Милер, Верлен важеше за еден од највештите музичари кои произлегоа од култниот њујоршки клуб „ЦБГБ“, каде што се прославија и „Блонди“, „Рамонс“ и „Токинг хедс“. Иако „Телевижн“ се проби благодарение на панк движењето, неговата музика беше посложена, при што Верлен и другиот гитарист Ричард Лојд разменуваа долги соло делници и поџезерски рифови.

    По распадот на „Телевижн“, Верлен објави десет соло албуми, последниот во 2006.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира