ПРЕТСТАВАТА „12“ НА МНТ ВО РЕЖИЈА НА ЕВТИМОВ ПОБЕДИ НА ФЕСТИВАЛОТ „ВОЈДАН ЧЕРНОДРИНСКИ“ ВО ПРИЛЕП

    ПРЕТСТАВАТА „12“ НА МНТ ВО РЕЖИЈА НА ЕВТИМОВ ПОБЕДИ НА ФЕСТИВАЛОТ „ВОЈДАН ЧЕРНОДРИНСКИ“ ВО ПРИЛЕППретставата освои 3 награди, меѓу кои и за најдобра машка епизодна улога за Оливер Митковски. (Фото: МТФ „Војдан Чернодрински)

    Претставата „12“ во режија на Синиша Евтимов, продукција на Македонскиот народен театар (МНТ) ги доби наградите за најдобра претстава, специјалната награда за колективна актерска игра и наградата „Димче Трајковски“ за машка епизодна улога за Оливер Митковски на Македонскиот театарски фестивал (МТФ) „Војдан Чернодрински“ , кој завршува вечерва во Прилеп.

    За наградите одлучи жирито во состав: Лилиа Абаџиева, театарска режисерка од Бугарија (претседателка), Нела Оташевиќ, продуцентка од Црногорско народно позориште и Иван Меденица, театролог и професор од Белград.

    Наградата за режија се доделува на Ќендрим Ријани за режијата на претставата „Слепци“ во изведба на Турски театар – Скопје, наградата за современа сценска драматизација и адаптација ја доби  на Јелена Цветановска за драматизација и адаптација на текстот „Црно семе“ во претставата „Црно семе“ во изведба на  Народен театар Битола, а наградата за современ драмски текст ја доби Ана Ристоска Трпеноска за текстот „Парови“ во претставата „Парови“ во изведба на Драмски театар  Скопје.

    Наградата за главна женска улога се доделува на Марија Минчева-Андонов за улогата на „Мајката“ во претставата „Сите прекрасни нешта“ во изведба на Театарот од Центарот за култура „Ацо Шопов“  во Штип, а наградата за главна машка улога ја доби Мартин Мирчевски за улогата на Доне Совичанов во претставата „Црно семе“.

    Атанас Атанасовски заулогата на Оскар Медисон во „Пар распар“ во изведба на Театар Комедија ја доби наградата за млад актер „Трајко Чоревски“, а наградата за млада актерка се доделува на Слаѓана Вујошевиќ за улогата во претставата „Слепци“. Наградата за женска епизодна улога ја доби Маја Љутков за улогата на Гвендолин Пиџн“во претставата „Пар распар“.

    Наградата за рекламен материјал ја добива Медина Хоџа за рекламниот материјал од претставата „Слепци“, наградата за кореографија и сценски движења ја доби Васил Зафирчев за кореографија и сценски движења во претставата „Рацин“ во изведба на „Јордан Хаџи Константинов – Џинот“  од Велес.
    Наградата за музика „Филип Стевановски“ ја доби Сашко Костов за музиката во претставата „Рацин“, а наградена е и сценографијата за таа претстава, дело на Валентин Светозарев.

    Награда за костимографија доби Самка Фери за костимите во претставата „Ричард Трети“ во изведба на  Албански театар од Скопје.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира