ПРЕТСТАВАТА „ПАПАГАЛОТ ИСТОРИКО“ СО ВЛАДО ЈОВАНОВСКИ НЕ Е СИМНАТА, ПРОДАДОВМЕ САМО 1 КАРТА, ВЕЛИ ДИРЕКТОРОТ НА ДРАМСКИ САШО ТАСЕВСКИ

    ПРЕТСТАВАТА „ПАПАГАЛОТ ИСТОРИКО“ СО ВЛАДО ЈОВАНОВСКИ НЕ Е СИМНАТА, ПРОДАДОВМЕ САМО 1 КАРТА, ВЕЛИ ДИРЕКТОРОТ НА ДРАМСКИ САШО ТАСЕВСКИПретставата 'Папагалот Историко', во режија на Љубиша Георгиевски, а драматизација на Сашо Насев, во која игра Владо Јовановски имаше премиера во Драмски театар минатиот месец

    „За вечерашната изведба на претставата ‘Папагалот Историко’ беше продадена само една карта и затоа ја откажавме изведбата. Бидејќи за надворешниот член Владо Јовановски се исплаќа хонорар, Драмски ќе беше во зијан ако ја изведеше вечерва претставата“, вели директорот на Драмски, Сашо Тасевски, откако глумецот Јовановски на својот фејсбук профил нашиша дека преставата е тргната.
    „Почитувана публико, вчера ве поканив на претставата ‘Папагалот Историко’, во режија на Љубиша Георгиевски, а драматизација на Сашо Насев, која требаше да се одигра утре петок во 20.00 ч. во Драмски театар. Реков, повелете дојдете, додека не е тргната, како никогаш да не била, како никогаш да не постоела.. И глеј чудо, сабајле ме известија дека нема да се игра утре… Откако дојде животот и слободата во Македонија, не мора да си видовит, за да ги гледаш однапред работите.. Не дека сум изненаден, ова го кажувам, чисто за да се забележи…Поздрав и секое добро! И утре има ден!“, напиша вчера Јовановски.
    Тасевски ни рече дека претставата не е симната од репертоар, следната изведба е закажана на 31 октомври.
    „Ете, имаат време неговите пријатели и пријатели од медиумите да го испочитуваат и да си купат карта. Нека му укажат чест. Да не го потсетувам дека Владо беше единствениот глумец кој не дојде на прес-конференцијата и не го испочитува режисерот и екипата“, додава Тасевски.
    Директорот на Драмски додава оти оваа претстава, која имаше премиера минатиот месец, е наследена од претходното раководство и морал да ја изведе на сцена.

    Б. НЕСТОРОСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира