ПРОТЕСТ НА ТЕАТАРСКИОТ ФЕСТИВАЛ ВО ПРИЛЕП – ПУБЛИКАТА Е ВИСТИНСКО ЖИРИ

    ПРОТЕСТ НА ТЕАТАРСКИОТ ФЕСТИВАЛ ВО ПРИЛЕП – ПУБЛИКАТА Е ВИСТИНСКО ЖИРИАктерите од Прилепскиот театар добија награда за колективна игра. (Фото: скриншот/Фејсбук)

    Ансамблот на Народниот театар „Војдан Чернодрински“ од Прилеп на синоќешното затворање на истоимениот фестивал, протестираше против одлуките на жирито и во име на актерите од ансамблот, Владимир Ѓорѓијоски кажа дека публиката заслужува многу повеќе од хировите и личните интереси на членовите на жирито. Додаде и дека се поклонуваат на публиката како единствен меродавен оценувач, со надеж дека нештата во македонскиот театар ќе тргнат на подобро.

    „Овој фестивал е поголем од сите нас. Во историјата ќе останат сите ваши одлуки, но исто така кај публиката и целата театарска фела ќе останат во меморијата сите ваши хирови и лични интереси. Оваа публика заслужува многу повеќе. Со надеж дека нештата во Македонскиот театар ќе тргнат на подобро, се поклонуваме на нашата публика која останува единствен наш меродавен оценувач“, го прочита Ѓорѓијоски ставот на прилепскиот ансамбл.

    Наградата за животно дело на фестивалот му беше доделена на академик Митко Маџунков, кој е претседател на жирито. Членови на жирито се уште Слободан Деспотовски и Братислав Димитров.

    Најмногу награди на „Војдан Чернодрински“ собра директорката на Театар Комедија, Јелена Жугиќ, вклучувајќи ја и наградата на најдобар женска улога во претставата „Трудна приказна“, улога која што сама си ја додели. Жугиќ, која е директорка на Театар Комедија од неговото основање, лани на Фејсбук повика полицијата да пука со гумени куршуми врз демонстрантите на Шарената револуција, а изјави и дека родителите на Тамара се криви за нејзината смрт.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира