РАБИЈЕ МУРАТИ И АНТОНИО МИТРИЌЕСКИ ДОБИТНИЦИ НА ДРЖАВНАТА НАГРАДА „СВ. КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ“

    РАБИЈЕ МУРАТИ И АНТОНИО МИТРИЌЕСКИ ДОБИТНИЦИ НА ДРЖАВНАТА НАГРАДА „СВ. КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ“Мурати и Митриќески ќе ги добијат наградите на 8 декември во свечената сала на Собранието. (Фото: Фејсбук/СДК.МК )

    Професорката Рабије Мурати и филмскиот режисер Антонио Митриќески се годинашни добитници на државната награда „Св. Климент Охридски“, највисоко признание за долгогодишни остварувања во областа на воспитанието, образованието, културата, уметноста, здравството, заштитата и унапредувањето на човековата околина и во социјалната дејност од јавен интерес на Македонија, соопшти Министерството за култура.

    Универзитетската професорка Мурати е награден во областа на воспитанието и образованието, а Митриќески во областа на културата и уметноста.

    Претседател на Одборот за државната награда e писателот Томислав Османли.

    Наградата на добитниците ќе им биде врачена на 8 декември во 12 часот, во свечената сала на Собранието.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира