РЕЖИСЕРОТ АЛЕКСОВСКИ ПРОБЛЕМАТИЗИРА КОЈ Е ВСУШНОСТ ЛУД СО ПРЕТСТАВАТА „ЛЕТ НАД КУКАВИЧЈОТО ГНЕЗДО“ ВО ДРАМСКИ

    РЕЖИСЕРОТ АЛЕКСОВСКИ ПРОБЛЕМАТИЗИРА КОЈ Е ВСУШНОСТ ЛУД СО ПРЕТСТАВАТА „ЛЕТ НАД КУКАВИЧЈОТО ГНЕЗДО“ ВО ДРАМСКИОд пробите за претставата „Лет над кукавичјото гнездо“, чија премиера е в петок во Драмски театар (Фото: Ѓ.Личовски)

    „Лет над кукавичјото гнездо“, претставата по текстот на Кен Киси, во режија на Ристе Алексовски, премиерно се игра в петок во 20 часот во Драмски театар.

    Главниот лик, Мекмарфи го игра в.д. директорот Сашо Тасевски, сестра Реџид е Емилија Мицевска, а во екипата се и: Соња Стамболџиоска, Благој Чоревски, Диме Илиев, Златко Митрески, Ѓорѓи Тодоровски, Ненад Нацев, Игор Ангелов, Предраг Павловски, Игор Георгиев, Мелита Софрониоска и Александра Павлова.

    Тасевски денес кажа според годишната програма одобрена од Министерството за култура, парите за оваа претстава се пренаменети од проектот кој требаше да го режира Оливер Фрљиќ од Хрвастка, но тој се откажал од приватни причини.

    Тасевски додаде дека и ликот на Мекмарфи му бил понуден на друг, како што рече, одличен актер од Драмски, но и тој одбил поради објективни причини.

    Според Алексовски, „Летот“ е претстава која го проблематизира прашањето кој е всушност луд и што претставува лудоста сама по себе.

    „Оваа претстава го поставува прашањето што значи слободата, дали редот и дисциплината придонесуваат за поголема слобода, или пак тоа го чинат нередот и недисциплината“, рече глумицата Мицевска.

    На сценографијата и костимите работеше уметникот Ѓорѓе Јовановиќ, а музиката е на Милан Димушевски. Репризите се на 23 и 27 декември.

    Б. НЕСТОРОСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира