РЕЖИСЕРОТ ДЕМИЕН ШАЗЕЛ НА ЧЕЛО НА ЖИРИТО ЗА ЗЛАТЕН ЛАВ ВО ВЕНЕЦИЈА

    РЕЖИСЕРОТ ДЕМИЕН ШАЗЕЛ НА ЧЕЛО НА ЖИРИТО ЗА ЗЛАТЕН ЛАВ ВО ВЕНЕЦИЈАДва филма на Шазел го отворија Фестивалот, „Ла ла ленд“ во 2016 и „Првиот човек“ во 2018. (Фото: Гети)

    Американскиот режисер Демиен Шазел ќе биде претседател на жирито за Златен лав на Венецискиот филмски фестивал, соопштија организаторите. Шазел доби Оскар за филмот „Ла-ла ленд“, а ги сними и „Ритамот на лудилото“ и „Првиот човек“.

    Два филма на Шазел, кој е и сценарист и продуцент, го отворија Фестивалот, „Ла ла ленд“ во 2016 и „Првиот човек“ во 2018.

    „Почестен сум и пресреќен што ме поканија да бидам на чело на годинашното жири“, изјави тој.

    Осумдесеттото издание на фестивалот ќе се одржи од 30 август до 9 септември, а официјалната селекција ќе биде објавена во јули.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира