Режисерот Питер Џексон ќе добие почесна Златна палма на Канскиот филмски фестивал, кој ќе се одржи од 12 до 23 мај. Фестивалот рече дека творештвото на Џексон претставува „опус што ги спојува холивудските блокбастери и авторските филмови со извонредна уметничка визија и технолошка смелост“.
Режисерот на „Господарот на прстените“, вели дека ова признание е голема чест во неговата кариера. Џексон првпат дошол во Кан во 1988 за да го претстави својот прв филм „Лош вкус“. Во 2002 се врати за премиерата на „Господар на прстените: Дружината на прстенот“.
„Овој фестивал отсекогаш славел смел и визионерски филм и неизмерно сум благодарен на Фестивалот во Кан што сум вбрен меѓу филмаџиите и уметниците чии дела продолжуваат да ме инспирираат“, изјави Џексон, кој има три Оскари.
Лани Кан им додели почесни Златни палми на актерите Роберт де Ниро и Дензел Вашингтон.



