РОМАНСКИОТ РЕЖИСЕР ПУЈУ ДОБИ НАГРАДА НА БЕРЛИНАЛЕ ЗА МАКЕДОНСКАТА КОПРОДУКЦИЈА „МАЛМКРОГ“

    РОМАНСКИОТ РЕЖИСЕР ПУЈУ ДОБИ НАГРАДА НА БЕРЛИНАЛЕ ЗА МАКЕДОНСКАТА КОПРОДУКЦИЈА „МАЛМКРОГ“Пују филмот по свое сценарио го именувал по село во Трансилванија и го заснова по книгата на Владимир Соловјев „Три разговори“, а приказната е за војната, прогресот и крајот на историјата. (Фото: Гардијан)

    „Малмкрог“, новиот филм на еден од најреномираните романски режисери Кристи Пују во кој македонски копродуцент е „Сестри и брат Митевски“, jа доби наградата за режија во новата натпреварувачка програма Средби на јубилејното 70. Берлинале, кое заврши вчера. Во оваа селекцијата се натпреваруваа 15 филмови и тричленото жири додели три награди, за режија, филм и специјална награда од жирито.

    „Не постои зло“ на Мохамед Расулоф, филмот кој ја критикува смртната казна во Иран,  ја доби главната награда Златна мечка на 70. Берлинале.

    „Малмкрог“, кој според Берлинале е наречен „патување низ времето и мислите, кој фасцинира со прецизност и инвентивност“, е копродукција помеѓу Романија, Србија, Швајцарија, Шведска, Босна и Северна Македонија. Главен продуцент е „Мандагора“ од Романија.

    „Кристи Пују е несомнено еден од најзначајните европски автори и да се биде дел од ваква една копродукција е успех и за македонската кинематографија“, вели продукцијата „Сестри и брат Митевски“.

    Пују филмот по свое сценарио го именувал по село во Трансилванија и го заснова по книгата на Владимир Соловјев „Три разговори“, а приказната е за војната, прогресот и крајот на историјата.

    Продуцентската куќа „Сестри и Брат Митевски“ соработуваше со наградуваниот Пују на филмот „Сиераневада“ кој во 2016 беше во официјалната селекција на Канскиот филмски фестивал.

    Б. НЕСТОРОСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира