САНДРА ГРИБОВСКА-ИЛИЕВСКА ОД БИТОЛСКИ ТЕАТАР ДОБИ НАГРАДА ЗА НАЈДОБРА МЛАДА ГЛУМИЦА НА СТЕРИЈИНО ПОЗОРЈЕ ВО НОВИ САД

    САНДРА ГРИБОВСКА-ИЛИЕВСКА ОД БИТОЛСКИ ТЕАТАР ДОБИ НАГРАДА ЗА НАЈДОБРА МЛАДА ГЛУМИЦА НА СТЕРИЈИНО ПОЗОРЈЕ ВО НОВИ САДГрибовска-Илиевска е наградена за улогата во претставата „Брод за кукли. (Фото: Битолски театар)

    Сандра Грибовска-Илиевска од Народниот театар Битола(НТБ) ја доби наградата за најдобра млада актерка, на 69. издание на театарскиот фестивал Стеријино позорје во Нови Сад, Србија, еден од најзначајните во регионот. Грибовска-Илиевска е наградена за улогата во претставата „Брод за кукли“, по текстот на Милена Марковиќ, во режија на Кокан Младеновиќ.

    Народниот театар од Битола по три децении годинава се врати во натпреварувачката конкуренција на  Стеријино позорје. Последен пат Битолскиот народен театар гостуваше на Стеријино позорје во 1991 со „Подземна република“ на Јордан Плевнеш, во режија на Владо Цветановски, и освои повеќе награди.

    Гостувањето се случува токму во годината кога Народниот театар слави 80 години постоење. На 14 ноември 1944 е прикажана првата театарска претстава на македонски јазик во Македонија, едночинката „Ѓоре Магаревски” од Владо Малески. Јубилејот ќе го прослави со повеќе гостувања надвор од Македонија, но НТБ ќе биде домаќин и на театри од Балканот.

    Селекторката на програмата на Стеријино позорје, Ана Тасиќ, за претставата „Брод за кукли“ пишува дека ансамблот на Битолскиот театар суверено го изведува стилизираното дејствие, во драмски и музички делови, во заводливи песни, во целото естетски заокружено обликување на трагичната положба на жената во апокалиптичната патријархалност.

    Ж. ЗДРАВКОВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира