СЕ НАДЕВАМ ДЕКА ЌЕ БИДЕМЕ МУДРИ И ПАМЕТНИ ДА АПЛИЦИРАМЕ ВО УНЕСКО И ЗА ЗАШТИТА НА КАВАЛОТ, РЕЧЕ МУЗИЧАРОТ ДАУТОВСКИ

    СЕ НАДЕВАМ ДЕКА ЌЕ БИДЕМЕ МУДРИ И ПАМЕТНИ ДА АПЛИЦИРАМЕ ВО УНЕСКО И ЗА ЗАШТИТА НА КАВАЛОТ, РЕЧЕ МУЗИЧАРОТ ДАУТОВСКИ„Се радувам што мојата макотрпна работа и презентирањето на традицоналните инструменти во светот кулминира со оваа заштита“, рече Даутовски. (Фото: К. Попов)

    Се надевам дека до март ќе бидеме мудри и паметни да пристапиме со аплицирање за заштита и на кавалот, рече денеска музичарот и професор на Факултетот за музичка уметност во Скопје (ФМУ) Драган Даутовски. На 5 декември културното добро „Традиционална изработка и свирење на гајда“ беше  впишано на Репрезентативната листа на УНЕСКО за нематеријално културно наследство на човештвото, а денеска Министерството за култура одржа прес-конференција заедно со Управата за заштита на културното наследство и Институтот за фолкор „Марко Цепенков“.

    „Се радувам што мојата макотрпна работа и презентирањето на традицоналните инструменти во светот кулминираа со оваа заштита. Гајдата заедно со кавалот се звучниот архетип на македонската душа, и тамбурата е тука, што говори за еден инстумент што ѝ припаѓа на културната генетика. Традиционалните музички инструменти го прават создавањето на народното творештво, односно народната поезија која е создадена да пее, да се отпее, а со тоа и народниот инструмент е изработен со обврска звучно да го следи тој еволутивен процес.  Сакам да апелирам, ете до март имаме добра прилика да аплицираме за заштита на кавалот и се надевам дека ќе бидеме мудри и паметни во аплицирањето и дека Институтот за фоклор ширум ќе ги отвори вратите во давање информации“, рече Даутовски.

    Македонија после 7 години впишува уште едно нематеријално културно добро на листите на УНЕСКО, со што вкупниот број на впишани заштитени добра од нашата држава е 6, од кои веќе 2 заеднички со Турција.

    Б. НЕСТОРОСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира