СЕ ОТВОРА 76. ВЕНЕЦИСКИ ФИЛМСКИ ФЕСТИВАЛ И НАЈАВУВА КАНДИДАТИ ЗА ОСКАРИ СО СВОЈАТА ХОЛИВУДСКА ПОСТАВА

    СЕ ОТВОРА 76. ВЕНЕЦИСКИ ФИЛМСКИ ФЕСТИВАЛ И НАЈАВУВА КАНДИДАТИ ЗА ОСКАРИ СО СВОЈАТА ХОЛИВУДСКА ПОСТАВАКатрин Денев и Жилиет Бинош се ѕвездите во филмот „Вистина“, со кој се отвора 76. Венециски филмски фестивал

    Венецискиот филмски фестивал денеска го отвора своето 76. издание со похоливудска постава од вообичаено, најавувајќи и можни кандидати за Оскар.

    Бред Пит со вселенската одисеја „Ад Астра“, Кристен Стјуарт со биографскиот филм „Себерг“ и Хоакин Феникс со „Џокер“ се очекува да се појават на црвениот килим, но на воведната прес-конференција беше нагласено дека и оваа година има недоволно женски филмаџии на фестивалот. Само два од 21 филм кои се во конкуренција за „Златен лав“ се режирани од жени.

    Вечерта се отвора со „Вистина“ со Катрин Денев и Жилиет Бинош, новиот филм на минатогодишниот освојувач на „Златната палма“ во Кан, Хироказу Коре-еда, негов прв кој се случува надвор од Јапонија. Тоа е прв нехоливудски филм од 2012 кој ја отвора Венеција, но во официјалната програма, сепак, има четири американски наслови.

    Една од најисчекуваните премиери во Венеција е онаа на „Џокер“, за кој директорот на фестивалот Алберто Барбера вели дека оттука оди директно на Оскари.

    Премиери во Венеција ќе имаат и двајца контроверзни режисери од #MeToo ерата, Роман Полански и Нејт Паркер, за кои Барбера кажа дека се вклучени во програмата исклучиво поради нивните уметнички квалитети.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира