„СÈ СЕКАДЕ ОДЕДНАШ“ ВЛЕГУВА КАКО ФАВОРИТ НА ЕДНИ ОД НАЈНЕИЗВЕСНИТЕ ОСКАРИ ВО ПОСЛЕДНИТЕ ГОДИНИ

    „СÈ СЕКАДЕ ОДЕДНАШ“ ВЛЕГУВА КАКО ФАВОРИТ НА ЕДНИ ОД НАЈНЕИЗВЕСНИТЕ ОСКАРИ ВО ПОСЛЕДНИТЕ ГОДИНИМишел Јео во сцена од „Сè секаде одеднаш“ (Фото: АП)

    Научно-фантастичната комедија „Сè секаде одеднаш“ е голем фаворит да ја круниса одличната сезона на награди на вечерашната, 95. церемонија на доделување Оскари во Лос Анџелес. Од премиерата минатиот март, оваа ексцентрична мултиверзумска авантура освои повеќе од 300 награди и се закити со 11 номинации за Оскар, но ќе има силна конкуренција првенствено во германската воена драма „На западот ништо ново“ и „Тажачките од Инишерин“ (имаат по девет номинации).

    Оваа сезона на награди беше една од најнепредвидливите во последните години, па така нема изразен фаворит во три од четирите актерски категории, но за главната улога во прв план се Остин Батлер и Брендан Фрејзер кај мажите и Мишел Јео и Кејт Бланшет кај жените. Исклучок можеби е споредна машка улога, каде што несомнен фаворит е поранешната детска ѕвезда Ке Хуј Кван.

    Победниците во главните категории варираа на останатите големи доделувања, како Златен глобус, БАФТА и САГ, па нема консензус околу тоа кој ќе се овековечи со статуетките вечерва.

    Водител ќе биде познатото лице од американската телевизија Џими Кимел, кој се враќа во оваа улога по пет години пауза, а за првпат од 1960, номинираните и гостите нема да дефилираат по црвен тепих, туку тој ќе има боја на шампањ.

    Ријана ќе ја изведе својата номинирана песна, но не и Леди Гага, која само ќе биде во публика.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира