Седум претстави од регионот ќе се изведат на меѓународниот театарски фестивал РУТА во Драмски театар во Скопје, кој ќе се одржи од 25 до 31 октомври.
Ревијалниот фестивал на театрите-членки на Регионалната унија на театри (РУТА) започнува на 25 октомври со копродукцијата „Животот на провинциските плејбои по Втората светска војна или Туѓото го сакаме – своето не го даваме“ во режија на Иван Пеновиќ, по текст на авторот Душан Јовановиќ. Во копродукцијата учествуват ансамблите на Драмски театар од Скопје, Београдско драмско позориште, Местно гледалиште од Љубљана и Центар за култура од Тиват. Играат Лазар Христов, Јулита Кропец, Марко Гверо, Соња Стамболџиоска, Лазар Николиќ, Вукашин Јовановиќ, Нејц Језерник, Марјан Наумов и Јована Спасиќ.
На 26 октомври се игра претставата „Ќелавата пејачка“, за која режијата, адаптацијата и изборот на музика го направи наградуваниот режисер Јагош Марковиќ, кој почина пред две години. Продукцијата е на Центарот за култура Тиват. Текстот на „Ќелавата пејачка“ е на Ежен Јонеско, а ликовите ги толкуваат регионалните актерски ѕвезди Олга Одановиќ, Бранко Видаковиќ, Дубравка Дракиќ, Момчило Оташевиќ, Сандра Бугарски и Бранимир Поповиќ.
Драмски театар Скопје на РУТА ќе настапи на 27 октомври со својата нова претстава „Куршуми над Бродвеј“, работена по сценариото на истоимениот филм. Премиерата ќе биде на 18 октомври. Режијата е на Ненад Витанов, а играат актерите Игор Стојчевски, Александра Павлова Бубања, Роберт Вељановски, Александар Степанулески, Јована Спасиќ, Јелена Жугиќ, Предраг Павловски, Калина Наумовска, Златко Митрески, Сашо Тасевски, Дениз Абдула, Ања Митиќ, Игор Георгиев, Енис Билаловиќ и Мартин Мазнев.
„Повеќе од игра“ е претстава со која ќе гостува Београдско драмско пожориште на 28 октомври. Претставата е адаптација на сценариото на Слободан Стојановиќ, работено за истоимената култна југословенска ТВ-серија. Режисер е Иван Вуковиќ. Адаптацијата ја направил Ѓорѓе Косиќ, а во над 20 актерски улоги во овој сценски спектакл во траење од четири часа се Миодраг Радоњиќ, Јана Бјелица, Милан Чучиловиќ, Милорад Дамјановиќ, Андреј Шепетковски, Милан Колак, Љубомир Булајиќ, Даниел Сич, Иван Зариќ, Стефан Радоњиќ, Александар Алач, Риста Милутиновиќ, Арсеније Арсиќ, Александар Јовановиќ, Никола Мијатовиќ, Јана Милосављевиќ, Јово Максиќ, Стефан Старчевиќ, Бојана Стојковиќ, Ања Јосифовски, Ања Ќурчиќ, Вукашин Јовановиќ и Љубинка Клариќ.
На 29 октомври е копродукцијата „Мајки“, авторска претстава на Колектив Игралке и режисерката Рајна Рацз. Играат Сенди Бакотиќ, Ана Марија Брѓановиќ, Маја Лежаиќ, Рајна Рацз, Ања Сабол и Ванда Велагиќ.
„Три милиони минути“ е претставата на Местно гледалишче Љубљана. Словенечкиот ансамбл ќе настапи на 30 октомври. Режисер и автор на адаптацијата е Барбара Хиенг Самобор, а претставата е работена по сценариото за филмот „7 години“ на авторот Хозе Кабеза. Играат Јудита Зидар, Тјаша Железник, Мојца Функл, Дијана Коленц и Клара Кук.
РУТА годинава ќе го затвори театарот САРТР од Сараево, на 31 октомври со претставата „За цел живот“ на авторот и драматург Бењамин Хасиќ. Режисер е Јасенко Пешиќ. Улогите во претставата ги играат Сеад Пандур, Давор Сабо, Аднан Кресо, Кемал Ризвановиќ, Јасенко Пашиќ и Дино Хамидовиќ.
Пуштени се во продажва блок билети за сите седум фестивалски претстави на билетарницата на Драмски театар и онлајн на www.karti.com.mk.
Сите претстави почнуваат во 20 часот.