„СИЛЈАН“ НА КОТЕВСКА ДОБИ НОМИНАЦИЈА ЗА НАГРАДАТА НА ЗДРУЖЕНИЕТО НА ПРОДУЦЕНТИТЕ НА АМЕРИКА

    „СИЛЈАН“ НА КОТЕВСКА ДОБИ НОМИНАЦИЈА ЗА НАГРАДАТА НА ЗДРУЖЕНИЕТО НА ПРОДУЦЕНТИТЕ НА АМЕРИКАКотевска и кинематограферот Жан Дакар, кои се продуценти на филмот, се номинирани во категоријата Најдобар продуцент на документарен филм, за наградите кои се индикатор во оскаровската трка. (Фото: Продукција „Силјан“)

    „Силјан“ на Тамара Котевска, кој е македонски кандидат за Оскар за Најдобар странски филм за 2026, а иствремено е во конкуренција и за Оскар во категоријата Најдобар документарец, доби номинација за награда на Здружението на продуценти на Америја (Producers Guild of America -PGA). Котевска и кинематограферот Жан Дакар, кои се продуценти на филмот, се номинирани во категоријата Најдобар продуцент на документарен филм, за наградите кои се индикатор во оскаровската трка.

    „Оваа номинација за награда можат вистински да ја разберат само оние кои навистина го живеат филмот. За нас ова признание е за сите денови, ноќи, жртви и години посветени на оваа приказна, за животот на терен, за довербата што ни ја дадоа протагонистите и за моментите кога камерата престана да биде камера и стана дел од светот што го снимавме,“ велат Котевска и Дакар во заедничка изјава.

    Фимот, снимен во Овчеполието, се снимаше три години во екстремни услови, живот на терен, спиење на депонии во прилагодено комбе, денови и ноќи поминати со протагонистите и жителитеи, долги периоди на чекање на штрковите и нивните миграции и работа без формален буџет или традиционална продукциска инфраструктура.

    „Силјан“ минатата недела освои две награди na Меѓународната Асоцијација за документарни филмови – ИДА за најдобар документарен филм и најдобра камера, а доби и номинација за најдобар филм престижната американска награда Независен дух (Independent Spirit), која е предвесник на Оскарите.

    Потесните листи во 10 категории за номинација за Оскар ќе бидат објавени на 16 декември. Во категоријата долгометражен документарец, се квалификуваа рекордни 201 филм. Номинациите за Оскарите ќе бидат објавени на 22 јануари 2026, а доделувањето е на 15 март.

    Во септември „Нешнл џиографик документари филмс“ (National Geographic Documentary Films), еден од најреномираните светски дистрибутери на документарци, го откупи за прикажување „Силјан“, а на 28 ноември ја имаше американската кинопремиера во Ај-Еф-Си (IFC) Центарот во Њујорк.

    Во 2020, документарецот „Медена земја“ на Котевска и Љубо Стефанов имаше историски две номинации како прв филм што е номиниран и за Најдобар документарец и за Најдобар странски филм.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира