СИНДИКАТОТ НА КУЛТУРАТА ОД МИНИСТЕРОТ АЛАЃОЗОВСКИ БАРА ДА НЕ ГИ ИГНОРИРА КУПИШАТАТА ПРОБЛЕМИ КАКО БЕТИ

    СИНДИКАТОТ НА КУЛТУРАТА ОД МИНИСТЕРОТ АЛАЃОЗОВСКИ БАРА ДА НЕ ГИ ИГНОРИРА КУПИШАТАТА ПРОБЛЕМИ КАКО БЕТИСиндикатот на културата новиот министер Роберт Алаѓозовски бара укинување на постоечкиот Закон за култура, департизација на директорските кадри и создавање нормална атмосфера за работа, стручност, повисок стандард на носителите на дејностите; - од примопредавањето на должноста меѓу Елизабета Канческа – Милевска и Алаѓозовски на 1 јуни, 2017 (Фото: МИА)

     

    Синдикатот на културата на Република Македонија (СКРМ) побара од новиот министер за култура Роберт Алаѓозовски департизација на директорските кадри и создавање нормална атмосфера за работа,  стручност, повисок стандард на носителите на дејностите, демократска расправа за нов Закон за култура во која ќе бидат сите чинители. Тие рекоа дека се надеваат на отвореност од новата власт која ќе успее да ги ослободи вработените во културата, кои досега поради политички притисоци и страв не пристапува во СКРМ туку мораа да останат во СОНК, тоа сега да можат и да го сторот.

    На прес-конференција, синдикатите од поголем дел од институциите во културата  обедините во овој Синдикат чиј претседател е Виктор Илиески, рекоа:„ Ние не сме формирани само за да критикуваме, напротив, тука сме да нудиме решенија, па така веќе имаме Предлог за нов закон за културата, во чие донесување ќе бидат вклучени сите уметници и останатите носители на дејности, а не само синдикатите, како и Предлог за колективен договор. Свесни сме дека нешто што е уништувано 10 години, не ќе може да се поправи за една година“.

    Од новиот министер Алаѓозовски тие бараат укинување на постоечкиот Закон за култура, кој според нив, а по измените од 2014 година, велат е целосно погрешен. Во изминативе години тие организираа неколку протести пред Министерството токму поради измените во Законот, и беа игнорирани.

    СКРМ бара изземање на културата од Законот за јавна администрација, одбивајќи го статусот на даватели на услуги кои со овие норми се врамени во бирократски стеги.

    Синдикатите се незадоволни од досегашната нетранспарентност и околу носење на правната регулатива, но и околу годишните програми. Бараат јавност околу програмите и укинување на копродукцијата како термин, зашто велат така во национални установи како МОБ, на пример, влегоа, според нив сомнителни проекти што штетат на професионалноста.

    Во приоритетите што СКРМ ги доставува до Алаѓозоски, со кои има побарано средба се прашањата за Колективниот договор, негово повлекување и итна изработка на нов, зашто велат, сега односите помеѓу позииците во институциите се во целосен финансиски хаос. Измени во Каталогот на работните места, да се укинат т.н. антикризни мерки, валоризација на стручните звања и распоредувања на соодветните места, укинување на Одлуката на Владата за штедење, што ги дискриминира во однос на политичарите, се дел од приоритетите.

    Условите за работа се посебно поглавје, а таму има факти кои говорат за руинирани објекти, стари лаборатории, институции и објекти  во кои со години не се инвестира, како во Музејот на Македонија кој се распаѓа. Од новиот министер за култура се бара ревизија на начин на исплата на платите, на казнените одредби, враќање на одредбите за бенифициран стаж, зголемување на мизерните плати, барем на ниво од две просечни републички плати, решавање на хроничниот недостиг на кадри во музичко-сценската област и во конзерваторската дејност.

    Од СКРМ велат ова е само дел од големиот список на проблеми, кои се надеваат дека заедно со новиот министер ќе ги решаваат.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира