Шпанската полиција ја пронајде сликата од Пабло Пикасо „Мртва природа со гитара“, која исчезна на почетокот на месецов, пред нејзиното изложување во Гранада. Сликата на Писако беше пријавена за исчезната од магацин во Мадрид, од каде што требало да биде однесена во Гранада за изложба во Културниот центар „КахаГранада“.
„Мртва природа со гитара“, врамен слика од 1919 во гваш техника, била дел од 56-те дела спремни за изложба, откако е изнесена од депото во Мадрид на 25 септември. Целиот процес на транспорт бил снимен со видеонадзор. Целата пратка стигна во Гранада нешто повеќе од една недела подоцна, но инспекторите сега велат дека бидејќи пакувањето не било правилно нумерирано било невозможно да се изврши исцрпна проверка без да се распакуваат сликите.

„Мртва природа со гитара“, врамен слика од 1919 во гваш техника, била дел од 56-те дела спремни за изложба, откако е изнесена од депото во Мадрид на 25 септември. (Фото: Национална полиција на Шпанија)
Културниот центар „КахаГранада“ соопшти дека биле извршени специфични проверки и биле потпишани испратниците, а целосното распакување се чекало до 6 октомври, датумот закажан за отворањето на изложбата. Токму на тој ден било откриено отсуството на делото на Пикасо. Пријава во Националната полиција била доставена на 10 октомври.
Националната полиција започна обемна потрага и издаде предупредување за исчезната слика од меѓународната база на податоци на Интерпол за украдени или исчезнати уметнички предмети, која содржи описи и слики од повеќе од 57.000 предмети. Кога таа потрага не успеа да открие никакви значајни траги, инспекторите задолжени да го испитаат товарот за испорака пронајдоа несовпаѓања со броевите на пакувањето, по што истрагата се врати во Мадрид.
Полицајците од Форензичката полиција го прегледаа депото и конечно потврдија дека станува збор за „Мртва природа со гитара“. Главната полициска теза, засега, е дека сликата, проценета на 600.000 евра, можеби не стигнала до камионот за транспорт.
„Првичните истраги укажуваат дека сликата можеби не била натоварена во камионот за транспорт“, се вели во соопштението на Националната полиција.



